Skip to main content

Свр билтен

Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир на ул. Партизанска

Приведен охриѓанец кој на ул. „Партизанска“ го нарушил јавниот ред и мир. Полицијата кај него пронајде остар предмет.
 |  инфодеск  | 
Приведен

На 24.02.2023 година во 09 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Т.(44) од Охрид кој, претходно на улицата „Партизанска” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.