Свр билтен
Охриѓанец нападнал сограѓанин на ул. Петар Чауле
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир на улицата „Петар Чауле“ во Охрид со агресивно однесување кон 43-годишен сограѓанин.
На 31.03.2023 година околу 12 часот, на улицата „Петар Чауле” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од С.Р. кон В.К.(43), двајцата од Охрид.
Против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.


