Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Охриѓанец нападнал сограѓанин во близина на Пештани

Охриѓанец извршил физички напад врз сограѓанин на регионалниот пат Охрид-Св. Наум во близина на селото Пештани.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 17.05.2022 година околу 22 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на селото Пештани, нарушен е јавниот ред и мир.

Извршен е физички напад од Ј.Ц. врз С.Р. (43), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.