Свр охрид
Охриѓанец нападнал сограѓанин во казино
Приведен 41-годишен охриѓанец кој во казино на бул. „Македонски Просветители“ физички нападнал 20-годишен сограѓанин.
На 26.02.2023 година, во СВР Охрид приведен е А.П.(41) од Охрид.
Тој, во 23:50 часот во казино лоцирано на булеварот „Македонски просветители”, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз С.Б.(22) од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


