Skip to main content

Физички напад

Охриѓанец нападнат од неколку лица во авто камп

Две лица од Охрид и едно од Струга нападнале охриѓанец во авто камп кој се наоѓа на стариот регионален пат Охрид-Струга,
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 05.05.2022 година околу 20:30 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на авто камп лоциран на стариот регионален пат Охрид-Струга нарушен бил јавниот ред и мир.

Пријавен е физички напад извршен од А.Г., Е.З. од Охрид и уште едно лице од Струга, врз С.М.(62) од Охрид. По целосно расветлување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.