Улица марко нестороски
Охриѓанец нападнат од Пит Бул
24-годишен охриѓанец и неговото куче биле нападнати од куче раса Пит Бул кое излегло од двор на ул. „Марко Нестороски“ во Охрид.
На 06.08.2022 година во 01:50 часот, Ж.М.(24) од Охрид пријавил дека тој и неговото куче на улицата „Марко Нестороски” во Охрид биле нападнати од куче „Пит Бул” кое излегло од двор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот –велат од СВР Охрид.


