На 12.07.2022 во 20:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода К.М.(22) и А.П.(22), двајцата од Охрид.
Полициски службеници го забележале А.П. како од патничко возило „Бмв” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрла кесе со кокаин. Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.