СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Л.(49) од с. Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Тој со лажно прикажување, го довел во заблуда А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.