Кривична пријава
Охриѓанец преку фејсбук се заканувал на шумочувар
Кривична пријава против 38-годишен охриѓанец кој испратил пораки со заканувачка содржина кон шумочувар од Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид поради на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.
Тој, на 07 и 10 декември 2022 година, на социјалната мрежа Фејсбук испратил пораки со заканувачка содржина кон шумочувар од Охрид, вработен во ЈП „Национални шуми-подружница Галичица” – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


