Skip to main content

Трагедија

Охриѓанец пронајден мртов во каналот Студенчишта

76-годишен охриѓанец е пронајден мртов во водите на каналот Студенчишта. Констатирана е смрт без видливи траги на насилство.
 |  инфодеск  | 
Канал Студенчишта

Денеска (17.12.2022) во 07:38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта” во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. 

Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.