Skip to main content

Свр охрид

Охриѓанец при караница пукал со пушка

44-годишен охриѓанец при караница со негов сограѓанин пукал со пушка на улицата „130“ во Охрид. Тој е лишен од слободна и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

На 22.04.2022 година околу 21.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Ј.Ц.(44) од Охрид, кој на улицата „130″ во Охрид, при караница со Б.М.(31) во воздух, пукал со пушка марка „Хадсан”, за која имал дозвола.

При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, пушката заедно со една испукана чаура ,,Sellier-Bellot” се одземени и предадени на вештачење. Тој е приведен и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.