Нарушен јавниот ред и мир
Охриѓанец се однесувал агресивно кон полицајци
Приведен 25-годишен охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници.
На 19.01.2023 година околу 23:30 часот на кеј „Македонија” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од М.А.(25) од Охрид кон полициски службеници кои преземале службени дејства.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.


