Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец се заканувал и телефонски вознемирувал 38-годишна жена

Пријавен охриѓанец дека се заканувал и телефонски вознемирувал 38-годишна жена од Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

Вчера во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 48-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека, поради нерасчистени односи од порано, се заканувал и телефонски вознемирувал 38-годишна жена од Охрид.

– По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.