Свр охрид
Охриѓанец си пазарел со туѓа платежна картичка
Кривична пријава против 38-годишен охриѓанец поради „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем“.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем”.
Тој, на 01.03.2022 година и 08.03.2022 година, без знаење и одобрение од оштетениот С.П. од Охрид, ја искористил неговата платежна картичка и од истата извадил парични средства, а потоа ја користел при купување во маркети и други продажни места – информираат од СВР Охрид.


