Skip to main content

Кривична пријава

Охриѓанец упатил закани кон градежен инспектор

Кривична пријава против 62-годишен охриѓанец кој упатил повеќе закани и навреди кон градежен инспектор, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Г.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

Тој во текот на септември 2022 година, кон градежен инспектор упатил повеќе закани и навреди – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.