На 30.01.2023 во 03:40 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.К.(30) од Охрид.
Тој го нарушил јавниот ред со викање и упатил закани кон Н.К.(20), С.Ј.(23) и Д.Ј.(54), сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.