На 06.06.2022 година во 05:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид е лишен од слобода М.Р.(21) од Охрид.
Тој, претходно во казино на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани со дрвен предмет кон вработените. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.