Кривична пријава
Охриѓанец вршел јавен превоз без лиценца
Кривична пријава против 50-годишен охриѓанец и против правен субјект-негова сопственост со седиште во Охрид, за кривично дело, вршење јавен превоз без лиценца.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(50) од Охрид и против правен субјект-негова сопственост, со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.
При контрола извршена на 12.10.2022 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека З.М. превезувал патници без да поседува соодветна лиценца за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – се вели во соопштението на СВР Охрид.


