Кривична пријава

Охриѓанец вршел јавен превоз без лиценца

45-годишен охриѓанец доби кривична пријава за вршење јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца.
 |  инфодеск  | 
Јавен превоз

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.

При сообраќајна контрола, извршена на 21.12.2022 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при превоз на патници со своето возило. Притоа, било констатирано дека тој не поседува соодветна лиценца за вршење јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top