Кривична пријава
Охриѓанец вршел јавен превоз без лиценца
Кривична пријава за 57-годишен охриѓанец поради вршење превоз на патници без да поседува лиценца за вршење такси превоз.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правнен субјект од Охрид и управителот В.Ј.(57) од Охрид поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.
На 06.09.2022, при извршена контрола на булеварот „Туристичка”, полициски службеници го затекнале В.Ј. при вршење превоз на патници без да поседува лиценца за вршење такси превоз во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган – информираат од СВР Охрид.


