Skip to main content

Охриѓанец заработи кривична пријава за напад со нож

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.С.(37) од Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.С.(37) од Охрид.

Тој, на 18-ти ноември оваа година, околу 23,00 часот, во куќа на улицата, Андон Дуков“ во Охрид, извршил физички напад врз Н.А.(50) а потоа со нож му нанел повреда во пределот на главата. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.