Skip to main content

Охриѓанец заработи кривична пријава за изнуда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец.

 |  Голабовски Крсте  | 
iznuda
изнуда

svrПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец.

Пријавениот, на 25-ти минатиот месец, околу 21.20 часот на улицата „Македонски просветители“ пресретнал сограѓанин и со рака го удрил во пределот на лицето, нанесувајќи му црвенило и лесни повреди.

При тоа, му упатил сериозна закана, барајќи му 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра. Потоа повторно го  удрил со рака заканувајќи му се настанот да не го пријавува во полиција.

Пријавениот е лице познато на службата против кого СВР Охрид  по разни основи и досега поднесувал кривични пријави.

{loadposition content9}