Skip to main content

НСПС – Национален Сојуз за Планинско Спасување

Охриѓанецот Антонио Додевски е реизбран за претседател на Националниот Сојуз за Планинско Спасување

Новото раководство најави амбициозни планови за следниот мандат, со акцент на едукацијата и стручната надградба на волонтерите, подобрување на опремата на спасувачките станици преку реализација на бројни проекти и изградба на ефикасен систем за планинско спасување во целата држава, согласно меѓународната пракса и препораките на Меѓународната комисија за алпско спасување (ICAR – International Commission for Alpine Rescue).
 |  инфодеск  |  ,

На вчерашното редовно изборно собрание на Националниот Сојуз за Планинско Спасување заа претседател повторно беше избран Антонио Додевски, а за Генерален секретар беше избран Др. Александар Манолев. Управниот одбор, покрај претседателот и генералниот секретар, ќе го сочинуваат и членовите Костантин Циривири, Мартин Пејоски и Александар Дончев, кои имаат долгогодишно искуство во изведување на спасувачки операции, како и во едукација на алпинисти и спасувачи. Во составот на Управниот одбор ќе членуваат и два советодавни членови: пилотот Виктор Бојковски, одговорен за развој на хеликоптерското спасување, и Владимир Поповски, кој ќе се фокусира на дигитални и аналогни системи за радио и телекомуникации, информираат од Националниот Сојуз за Планинско Спасување.

Присутните на собранието го избраа и составот на Надзорниот одбор, чиј претседател е Бобан Стојанов, а за членови се избрани Јован Божиновски и Виктор Бојковски.

Новото раководство најави амбициозни планови за следниот мандат, со акцент на едукацијата и стручната надградба на волонтерите, подобрување на опремата на спасувачките станици преку реализација на бројни проекти и изградба на ефикасен систем за планинско спасување во целата држава, согласно меѓународната пракса и препораките на Меѓународната комисија за алпско спасување (ICAR – International Commission for Alpine Rescue).

Дополнително еден од главните приоритети во следниот период ќе биде продлабочување на меѓународната соработка преку потпишување на билатерални и мултилатерални договори за соработка со службите од регионот, реализација на заеднички проекти, тренинзи и вежби за подигање на квалитетот на спасувачките операции, како и зголемена активост во стручните комисии на ICAR.