Skip to main content

Охриѓанецот Леонид Toдороски ја освои наградата државен првак по математика

 Овој вреден и талентиран осмоодделенец  од ОУ „Григор Прличев“ ја освои првата награда во силна конкуреција на македонските математичари. Вредно се подгoтвува за следните натпревари како што се  Државната  и   Балканската Олимпијада.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Леонид Toдороски од Охрид е државен првак по математика. Тринаесетгодишниот ученик е осмоодделенец во ОУ „Григор Прличев“ и за овој натпревар се подготвувал околу месец и половина со неговиот ментор професорот Александар Ангелевски. Тодороски ја освои првата награда во конкуренција од 90-тина натпреварувачи од Македонија. Државниот натпревар по математика годинава се одржувал со физичко присуство на Природно математичкиот факултет во Скопје. Младиот талентиран математичар споделува како во време на пандемија се подготвувал и соработувал со својот професор Ангелевски.

„Да среќен сум што постигнав успех на државно ниво како најдобар осмоодделенец во целата држава во областа на математиката. Koмуницирав со мојот ментор преку вибер ако наидев на некоја задача му ја праќав, а тој ми даваше насоки по кој пат да се движам за да стигнам до конечното решенеие на задачата“.

Ова не е прва награда на Леонид Тодороски. Тој пред две години бил исто така, државен првак по математика, а две години по ред ги освојувал првите награди по биологија и природни науки претставувајќи го своето ОУ Григор Прличев. Леонид ги сака природните науки, информатиката и математиката. Во текот на денот посветува околу 2 часа во решавање на математички задачи и тоа воопшто не му претставува никаква тешкотија.

„Не со леснотија и љубов решавам задачи, големо задоволство ми причинува решавањето на задачите. Особено кога е некој тежок математички проблем и конечно ќе го најдам решението“.

Младиот математичар веќе вредно се подготвува за следните натпревари како што се Државната и Балканската Олимпијада. Поддршка има од негивиот ментор, од родителите, од училиштето. Леонид Тодороски слободното време го исполнува со музика и спортот. Хоби му е свирење флејта и возење велосипед.