Охриѓанецот Леонид Тодороски меѓу македонските средношколци кои постигнаа одлични резултати на 42. Балканска математичка олимпијада (БМО) 2025 одржана во Сараево.
-На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, тимот на Република Македонија освои еден златен, еден сребрен, три бронзени медали и едно успешно учество. – се вели во соопштението од Сојузот на математичари на Македонија.
Златниот медал го освои Дамјан Давков, сребро освои Алексиј Тасиќ, додека бронзени медали освоија Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски. Андреј Тасиќ доби признание за успешно учество.
-Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања! – велат од Сојузот на математичари на Македонија.