Симболично титулата Академик на проф. д-р Љупчо Кеверески му беше врачена на пригодна свеченост што се одржа на 18 мај во Српската Академија за Образование на Универзитетот во Белград – Учителски Факултет – Белград, за неговиот стручен придонес во областа на психологијата.
Проф. д-р Љупчо Кеверески е роден 25.04.1959 година во Велгошти, Охрид, Р. Македонија. Основно училиште завршил во Велгошти, а средно образование во ЦСНО, Св Климент Охридски, Охрид.
Во 1985 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на отсекот за Психологија, а магистрирал на институтот за социолошко, политичко правни истражувања во 1997 година на тема „Дијагностичирање на менталните модели во системот на третирање на надарените ученици“, со што се стекнал со диплома Магистер по кадровски менаџмент.
Докторската дисертација ја одбранува на универзитетот во Нови сад на Филозовскиот факултет на одсекот за психологија во 2004 година со тема: „Детерминати и реперкусии на предвремениот упис на надарените ученици“, со што се стекнува со научен степен Доктор на психолошки науки.
Кеверески е добитник на највисоката Климентовата награда во областа на образованието на Охрид. Во 2010 година е избран и ангажиран како меѓународен експерт за рецензирање на научно истражувачки проекти преставено од Министерството за просвета и Владата на Р. Србија.
Во моментов ангажиран е како визитинг професор на ФОН Универзитетот-Скопје на предметите Криминалистичка психологија и психопатологија, Методологија на научно-истражувачка работа и Психологија на спортот на Факултетот за безбедност и Спорт и спортски менаџмент.
Кевероски е рецензент во Националното тело за акредитација и обезбедување на квалитет во високот образование на Р. Србија. Член е во комисијата за полагање на стручен испит на Психолошката комора.