Skip to main content

Охриѓани беа анкетирани какво управување со отпадот сакаат

Охриѓани беа анкетирани  какво управување со отпадот сакаат.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид спорведена улична анкета за да се чуе размислувањето на граѓаните во врска со управувањето на отпадот. Денешната анкета е дел од проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање и  финансиски поддржан од Европската Унија, кажува Ангела Џепоска од проектот за управување со отпад. Охрид беше трет  град каде што се спроведува анкетата по Битола и Велес, а Џепоска ги споделува размислувањата на граѓаните.
 
„Досега увидовме дека граѓаните се желни за подобрување на системот за управување со отпад и ако треба се подготвени да платат повеќе од сегашната  цена што ја плаќаат “, истакнува Џепоска.

Од друга страна она што го нуди државата во таа насока е подготовка на планска документација за воспоставување на самоодржлив систем во 4 региони во земјава.

„ Тоа е план да се воведе подобрен систем добар за животната средина и да се средат  дивите депонии и нестандардните депонии.Дивите ќе се затворат и ќе се направат регионални центри за управувањ со отпад“, појаснува  Џепоска.
 
В следниот период ќе се изготват афизибилити студија и анализи на влијанието на животната средина во која ќе се вклучуват граѓаните од Југозападниот плански регион, Вардарскиот, Скопскиот и Пелагониските.