Охриѓани дишат чист воздух без прашина
Охриѓани дишат чист воздух без прашина.
Охриѓани дишат чист воздух без прашина. Ова го потврдуваат анализите од охридскиот Центар за јавно здравје измерени во месец октомври. Аерозагадувањето се мери на четири мерни пунктови низ градот во близина кај Општа болница, кај детската градинка „Јасна Ристеска“, кај автобуската станица и на северниот влез во градот. На последното мерно место каде што во близина има раскрница, надвозник и подвозник е забележано и највисокото загадување на воздухот. Тука биле евидентирани аероседименти во износ од 121, 85 mg/lit воздух. Оваа вредност е многу ниска во споредба со максимално дозволената граница од 300 mg/lit , вели д-р Лидија Симоноска, раководител на отсек за комунална хигиена. Специјалистот по хигиена со здравствена екологија потенцира дека граѓаните може да бидат спокојни во однос на квалитетот на воздухот од загаденост со прашина.
„ Ние немаме концентрации над дозволените максимални концентарции на аероседимент, прашина во воздухот. Кај нас се ниски и живееме во релативно чисто подрачје, дали зависи од ветриштата кои циркулираат и поставеноста на градот па многу прашината не се акумулира во централниот дел од градот“, напоменува д-р Симоноска.
Охриѓани дишат воздух без прашина, ама не знаат дали воздухот е загаден од тешки метали, чад или силфур диоксид. Во Центарот за јавно здравје подолго време не го мерат загадувањето на воздухот од овие параметри.
„ Тешки метали не испитуваме ако би испитувале кај автобуската станица ќе има поинаква слика. Има раздвижени автомобили и автобуси , таквото загадување не се мери, нема апарат. Се надеваме дека за брзо ќе го набавиме и ќе ги мериме и тешките метали во аероседименцијата заради издувните гасови на автомобилите и другите возила кои се движат низ градот“.
Додека се чека набавка на нова современа апаратура за мерење на овие параметри, д-р Симоноска укажува дека несовесни граѓани ги уништуваат постоечките мерни станици за мерење на воздухот од аерозагадување. Најчесто се крадат инките или се уништуваат пластичните балончиња кои мора да се постават на висина до метар и половина.
Покрај мерењето на загадувањео на воздухот од аероседиментацијата од охридскиот Центар за јавно здравје вакви контроли вршат и во Струга и Дебар, па посочуваат дека и во овие два града граѓаните дишат чист воздух незагаден со прашина.
{loadposition content9}