Skip to main content

Охриѓани до ОПМ пријавуват расипани мобилни телефони и бела техника

Охриѓани до ОПМ пријавуват  расипани мобилни телефони и бела техника.

 |  Валентина Неловска  | 
telefon
telefon

Охриѓани до Организацијата на потрошувачи лани најмногу реагирале за неисправни  мобилни телефони и бела техника. Често им се расипувале и телевизорите, велат од ОПМ. Купувачите реагираат и на гарантниот рок на нивното сервисирање. Вангел Спироски од ОПМ ги предупредува граѓаните за нивното право како потрошувачи во случаи кога ќе имаат проблем со мобилните апарати и бела техника.
bela tehnika
„ Јас би апелирал до граѓаните да внимаваат максимално, до 3 пати може да се сервисисраат овие производи. Додека техничкиот апарат е на сервис , мобилен или перална тие мора да добијат замаена со сит производ додека е на сервис производот и гаранцијата треба да е приложена за периодот додека производот е на сервис“, информира Спироски .

Потрошувачите исто така с ежалат и на некавлилтена облека и обувки кои брзо се оштетуваат , а после не име се заменуваат со други. Реакции има и за прехранбените производи со изминат рок и непотполна декларација, додава Спироски. Укажува дека граѓаните тешко може да ги остварат своите потрошувачки права без заштита од  ОПМ и  инспекциските служби, како што се пазарната инспекција или санитарната.

tv
„Кога граѓаните сами одат да интервенираат најчесто од сервисите објаснувањата се дека телефонот или сложениет техниќки апарати се расипани по нивна вина, тие ги оштетиле. Но кога на терен  ќе се утврди  дефектот од стручни лица, сепак испаѓа дека проблемот е опфатен со гаранцијата и се заменува по интервенција од инспекциските служби“, објаснува Спироски.

Покрај поплаките на потрошувачите за не квалитетни мобилни апарати и бела техника, граѓаните приајвуваат и туристички агенции. Најчесто пријавувале дека не добиле услуга која што била во понудата или во рекламата на туристичката агенија,  посочува претседателот на охридската  ОП, Вангел Спироски.

{loadposition content9}