Охриѓани доминираа на регионалните хорски смотри
Охридските хористи и оркестри одлични на регионалните хорски смотри.
И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“.
Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево.
Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид.
Двата прво пласирани хорски состави ќе го претставуваат Охрид и на републичките хорски смотри кои ќе се одржат на 12 Мај во Кавадарци. Организатор на овие регионални хорски смотри е Бирото за развој на образованието на Република Македонија.
{loadposition content9}