Skip to main content

Охриѓани и еко системот во симбиоза

Охриѓани можат да здивнат.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohridsko ezero
Ohridsko ezero

Охриѓани можат да здивнат. Пијат квалитетна вода, дишат чист воздух и јадат здрава храна.  Додека, пак, пожарите на објекти, a посебно на отворен простор, сигналзиираат дека како граѓани слабо знаеме да се чуваме од огнот. На денот на планетата Земја се обидовме од надлежните да добиеме податоци за четири елементи кои ја чинат планетата, водата, воздухот, почвата и огнот. 

Ohridsko ezeroПобаравме одговор од институциите и еколозите како се грижат за животната околина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека засега го испитуваат само квалитетот на воздухот. Испитувањата на почвата се во почетна фаза, кажа портпаролот на ресорното министерство Сашо Секулоски. Посочи дека за  испитување на квалитетот на водата се задолжени  од Центарот за јавно здравство. Специјалистот бромолог, Сашо Точков, информира дека во Охрид, покрај нивната институција и Проаква, редовно го испитуваат квалитетот на водата за пиење во градските и селските водоводни мрежи. Во градот се пие квалитетна вода, додека во селските чешми тече исправна вода, но и недостасува  дезинфекционо средство, вели Точков. Се испитуваат и површинските води кои најчесто се од 1 и 2 категорија, како и реките кои се влеваат во басенот на Охридското езеро. Точков алармира на неколку реки во сливното подрачје , се опасни носители на загадени води, најчесто од органско потекло.

„ Во континуитет, наназад години се големо оптоварување за природниот еко систем и квалитетот на  водата во Охридското езеро. Час поскоро, треба да се преземат соодветни мерки за Коселска, Сатеска и Велгошка река, да бидат третирани онака како што е потребно за водата која што ја носат во Охридското езеро да  биде со соодветен квалитет според законските прописи“.

издувни гасовиВо Центарот за јавно здравје го анализираат и квалитетот на воздухот. На  четири мерни  пункта во градот го мерат  аероседиментниот кавлитет на воздухот. Испитувањата покажуваат дека честиците кои се испитуваат се во дозволена граница на максимална концентрација, укажува Точков, а ги аналзираат  и земјоделските продукти кои се произведуваат во охридскиот регион.

„ Оние примероци  што се донесени кај нас на анализа како што се  млекото, млечни производи и мед, од нашето поднебје се со добар квалитет“.

Командирот на територијалната единица за противпожарна заштита, Спасе Прентоски, укажува дека секој оган кој  е под контрола не е штетен и опасен. Прентоски вели дека се справуваат со пожари на објекти, но и на отворен простор, од мај до октомври, најчесто од палење на стрништа. Тој апелира до луѓето да бидат внимателни  при палење на оган на отврен простор и да ги информираат институциите за претходната намера.   

Впечаток е дека повеќето институции се посветуваат само врз контролата на четирите земјени елементи, а не и на грижата како да се спречи Планетата прекумерно да се загадува и уништува.  Денес, охридските еколози од Грашница, не успеваме  да ги чуеме, заради нивни причини,  како  допринесесуват во борбата за заштита на екологијата. Охрид во моментов е и без Државен инспектор за екологија. Допрва ќе се именува инспектор кој ќе се грижи за животната средина, на сега испразнетото место на Игор Трајкоски, актуелен градоначаник на Дебрца.   

{loadposition content9}