Skip to main content

Вирусно заболување

Охриѓани и туристите се едуцираа за хепатитис

Охриѓани и туристите денеска се едуцираа за хепатитисот и имаа можност бесплатно да се тестираат за ова вирусно заболување. Настанот беше по повод Светскиот ден за борба против хепатитис, организиран од Хепар Центар Битола во соработка со Здружението „Ретко е да си редок од Охрид“. Последните податоци од теренските тестирања покажуваат зголемување на бројот на случаи на хепатитис во земјава. Потребно е подигнување на свеста кај населението да се тестира, посеопфатен скриниг и поголеми буџети за терапија, порачуваат од Хепар Центарот.
 |  инфодеск  | 
Хепатитис

На градскиот плоштад во Охрид, денеска граѓаните и туристите можеа бесплатно да се тестираат за хепатитис Б, Ц и ХИВ. Настанот е по повод Светскиот ден на хепатитот за подигнување на свеста за ова заразно заболување, а во организација на ХЕПАР Центар Битола во соработка со пациентска организација за ретки болести „Ретко е да си редок” од Охрид.

На секои 30 секунди еден човек како резултат на вирусот на хепатитис Б и Ц добива карцином на црниот дроб од кој секој ден во светот умираат околу 3000 луѓе. Нагорниот тренд на ширењето на ова вирусно заболување се евидентира и во земјава.

Хепатитис

Посебно во ковид пандемијата се отежна пристапот до навремено дијагностицирање и третман, вели Милан Мишковиќ од ХЕПАР Центар – Битола.

Статистиката во нашата земја за жал не е мала. Последните информации кои ги имаме од терен говорат за зголемување за 1% на случаите за хепатитис C, за хепатитис B меѓу 2 и 3% . Тоа значи една бројка од над 60 000 граѓани во Македонија можно да се заразени од хепатитис B и C. Самата ковид ситуација не дозволуваше како за други така и за ова заболување да има соодветен третман, бидејќи овие заболувања припаѓаат на групата заразни болести, а знаеме дека инфективната клиника и инфективните одделенија во земјава беа окупирани со ковид пациенти. Поради оваа проблематика ја актуелизиравме состојбата преку Гастроентерохепатологија да што поголем број пациенти од оваа група да добијат соодветен третман и нега за да не се доведеме во ситуација да третираме карциноми на црн дроб во иднина – истакна Мишковиќ.

Хепатитис

90% од луѓето кои живеат со вирусен хепатитис не се свесни дека го имаат. Навременото тестирање и лекување на хепатитис Б, Ц и Д може да спаси животи.

Тоа е уште еден предизвик за државата во иднина да поработи повеќе на скриниг програмите, а исто така сакаме да апелираме, терапиите кои не се достапни во нашата земја, посебно за хроничен хепатитис B, да бидат дел од системот односно да се најдат на позитивната листа на лекови или крајно да добијат условни буџети за почеток за да можат да бидат дел од програмата за пациенти кои имаат напредна фаза на заболување на црниот дроб односно оштетување, фиброза или цироза. Така да барем оваа група да добие терапија на време, да не прогресира заболувањето во карцином – кажа Мишковиќ.

Хепатитис

Карциномот на црн дроб е тип на карцином кој во голем процент се превенира, но и покрај тоа смрните случаи од овој карцином растат на светско ниво и истиот се искачи на трето место како причина за смртност. Мислам дека е време да се обрне повеќе внимание на црнодробните заболувања, посебно на хепатитисот. Се надеваме дека Министерството ќе ги зголеми буџетите и заедно со нашите доктори специјалисти на соодветните клиники ќе добијат поголема можности, повеќе терапија и апаратура за детектирање, вели Мишковиќ.

Апелираме истовремено и до граѓаните и до институциите, најмногу до Министерството за здравство да работиме повеќе на подигнување на јавната свест за заболувањата на црниот дроб, посебно на хепатитисот. Ако го елиминираме можеме со сигурност да кажеме дека во следните години за 60 до 70% ќе се намали карциномот на црниот дроб. Во спротивно ќе имаме рапидно зголемување, а веќе имаме зголемување, при што овој карцином како причина за смртност би се искачил, за жал, на второ место – додава тој.

Хепатитис

Условните буџети за хепатитис C од оваа година прерасна во редовни буџети. Во моментов се работи на една донација за Клиниката за Гастроентерохепатологија, еден најсовремен еластограф односно фиброскен којшто е златен стандард за да се избегне биопсијата на црн дроб за детектирање на заболувањата и оштетувањата на овој орган.

Покрај тоа, како најголем исчекор во борбата со хепатитисот е најавеното отворање на  Центар за црн дроб, за прв пат во нашата земја, во рамки на Клиниката за Гастроентерохепатологија.

Хепатитис

Станува збор за Центар со мултидисциплинарен пристап со медицински експерти од различни области кои ќе работат на анулирање на карциномот на црн дроб и хепатитот C и B како негови причинители, алкохолот и најновата пандемија замастувањето на црниот дроб.

Мишковиќ изрази надеж дека во иднина, ќе бидеме пример на една мала земја која ги следи стапките на одредени развиени земји и допринесува за намалување на бројот на заболувања и карциноми на црниот дроб.