Охриѓани се информираа за сидата на ХИВ караванот
Музички хепенинг, драмска изведба и информативни флаери вчера на плоштадот „Крушевска Република“.
ХИВ караванот кој вчера се одржуваше на плоштадот „Крушевска Република“ вистинска атракција за охриѓани. Од музички хепенинг со познати ѕвезди од македонската музичка сцена, до делење на информативни флаери за СИДА-та и драмска изведба на волонтерите од Црвениот крст од Охрид. Целта на овој караван е да се запознае заедницата, охриѓани со она што невладината организација „Опција“ од Охрид го спроведува како превентивни програми поврзани со ХИВ Сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници и нивните семејства и корисниците на дроги.
„Преку драмите беа претставени всушност животните приказни на лицата, на целните групи, на тие со коишто работиме и тоа беше предвидено како форум-театар, но таа една театарска претстава со среќен и тажен крај привлече многу големо внимание кај посетителите и навистина на многу од посетителите им дојдоа емоции кога се зборуваше за таа целна група. Сепак имавме за цел да ја приближиме целната група, односно судбината на тие луѓе до останатите и едноставно да ги прикажеме тие превентивни програми. Да, тие луѓе се згрижено, но што е со општата популација?“-вели Царева Алчева-Рувинова од НВО “Опција“ од Охрид.
Според Алчева-Рувинова, целта на сите програми кои тие ги работат е сензибилизација на општата популација. А колку охриѓани се запознаени и сензибилни за овие теми, ќе се открива со анкетата која ја спровела СЗО, испитувајќи ја општата популација, целните групи и донесувачите на одлуки.
„Од сите институции со кои соработуваме зедовме изјави, односно ги анкетиравме и ќе го спроведеме тоа истражување заедно со Светската здравствена организација. Тоа истражување ќе биде презентирано заедно со Интер Етник Проект од Гостивар бидејќи СЗО се вклучија во овој проект и ќе ги видиме понатака резултатите, и ќе ги презентираме, колку охриѓани всушност се запознаени со овие програми, како и со тоа како се пренесува ХИВ и дали е потребно и со нешто друго да навлеземе во однос на информирањето на луѓето.“-рече Алчева-Рувинова.
Инаку ХИВ караванот започна се одржуваше од 16 до 01 часот по полноќ, а освен во Охрид, тој се одржа и во Тетови, додека некаде од Септември ќе се одржува и во Битола.
Инаку проектот е наречен „Одржување ниска преваленца на ХИВ во Република Македонија-одржлив развој“, а е дел од програмата која заеднички ја спроведуваат НВО Опција од Охрид, Црвениот крст од Охрид, локалната самоуправа и гостиварската невладина организација, Интер Етник Проект.
{loadposition content9}