Охриѓани излегоа на мирен протестен марш
Охриѓани излегоа на мирен протестен марш .
Голем број граѓани протестираа под мотото Нема правда нема мир, носејќи пароли со различни пораки. Некои од граѓаните ги искажаа и своите барања од денешниот протест.
Граѓаните бараа оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, повлекување на аболицијата на полиитчарите и да нема избори на 5 јуни.
Граѓанската организација Протестирам беше организатор на проетсниот марш. Вероника Стефаноска од името на „Протестирам“ ги упати барањата.
„ Целта на денешниот протест е исполнување н а барањата на граѓаните. Дел се претседателот Ѓорѓе Иванов да ја напушти својата функција, истовремено да ја повлечe одлуката за аболиција и да нема избори на 5 јуни“, истакна Стефаноска.
Групата граѓани тргнаа од градскиот плоштад Крушевска република, се движеја по охридската чаршија, а протестот заврши пред Основниот суд каде што се извикуваа паролите, Оставка и Нема правда нема мир. Протестниот марш протече мирно и без инциденти, а беше обезбедуван од голем број полициски кордони.