Skip to main content

Охриѓани со координиран настап на „Скопје Травел Маркет”

По повод одржувањето на јубилејниот петти туристички саем „Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај 2015г. во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин, а на која учество со свој штанд ќе земат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други светски земји, Општина Охрид упатува јавен повик за заедничка организација и учество на овој Саем.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

логоПо повод одржувањето на јубилејниот петти туристички саем „Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај 2015г. во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин, а на која учество со свој штанд ќе земат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други светски земји, Општина Охрид упатува јавен повик за заедничка организација и учество на овој Саем.

За таа цел, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира работен состанок, на кој што ги повикува претставниците од хотелско – угостителските субјекти, туристичките агенции, занаетчиите и приватните станоиздавачи од Охрид, како заеднички би го организирале учеството и презентацијата на туристичката понуда на градот.

Општина Охрид ќе има можност, својата туристичката понуда да ја промовира на голем штанд на централно место во Саемската хала, при што имајќи во предвид фактот дека истовремено покрај Саемот за Туризам, ќе се одржат и Самот за книгата, Деновите на образование и кариера, како и Експо на Скопскиот Маратон, се очекува значително голем број на посетители, со што охридската туристичка понуда, ќе може да се презентира пред домашните и странски посетители.

За таа цел Општина Охрид организира работни состаноци во големата сала на општина Охрид, и тоа:
Состанок со претставниците од хотелско – угостителските субјекти, туристичките агенции, занаетчиите на ден 02.Април, 2015 г, со почеток во 11:00 ч.

Состанок со приватните станоиздавачи од Охрид, на ден 02.Април, 2015 г, со почеток во 12:00 ч.

{loadposition content9}