Skip to main content

Охриѓани купуваат безбедна храна

Охриѓани купуваат безбедна храна. Во пресрет на Велигденските празници засега се продаваат безбедни јајца и прехранбени бои за бојадисување. Досега до инспекторите за храна и ветерина за охридско струшкиот регион нема пристигната ниедна претставка за продажба на производи со сомнителен квалитет. 

 |  Валентина Неловска  | 

Редовните контроли на инспекциските органи на АХВ покажуваат дека досега охриѓани и стружани купувале безбедна храна. Во пресрет на Велигденските празници кога е зголемена побарувачаката на јајца инспекциските служби вршат засилени контроли на овој прехранбен продукт, но и на прехранбените бои за бојадисување на јајца. Досега се уништени две пратки на јајца при увоз од соседна Србија, информира Атанасова.

„Се контролира производството, преработувачката, дистрибуцијата и продажбата на јајца. Како небезбедна досега заради несоодветно означување на рокот на употреба од почетокот на годината се поништени 16. 620 јајца “, подвлекува портпаролката на АХВ.

До инспекторите во подрачната единица на АХВ во првите три месеци од годинава нема ниедна претставка за продажба на прехранбени продукти со сомнителен квалитет, информира портпаролот на АХВ.

„Од досега извршените контроли на операторите со храна од овој регион не се констатирани поголеми одстапувања во поглед на исполнување на општите и посебните барања за безбедност на храна. Сите недоследности се однесуваат во помал обем и се одстранети во соработка со операторите“, вели Атанасова.

Портпаролот на АХВ ,Велика Атанасова укажува дека во нивната агенција во поглед на безбедноста на храната, јајца и прехранбени бои граѓаните може да пријавуваат сомнителни производи лично или по телефон на бесплатниот број 0803 22 22.