Skip to main content

Граѓански сектор

Охриѓани најактивно дебатираат удобно, од дома

Слаб интерес кај охриѓани за јавната дебата на тема „Катна гаража нова можност за Охрид“, имплементирана од НВО„Инклузија“.
 |  Голабовски Крсте  | 
макета

Охриѓани денес имаа можност за запознавање со можеби еден од најветуваните проекти во секоја предизборна кампања, изградбата на катна гаража во Охрид. Граѓаните можеа да го искажат својот став и мислење на јавната дебата на тема „Катна гаража нова можност за Охрид“, имплементирана од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, а во рамки на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ и да се запознаат со значењето на изградбата на овој објект преку излагањата на експертите, институциите и установите инволвирани во реализацијата.

„На еден начин ние претставуваме мост помеѓу Локалната Самоуправа од една страна и граѓанското општество од друга страна, се со една цел, граѓаните да добијат порелевантни и потранспраентни податоци, во однос на што е она што локалната самоуправа го спровела, во делот на изградбата на катната гаража. Нашата цел е граѓаните да добијат точни и стручни информации од страна на експертската јавност во делот на изградбата на катната гаража“ – вели Д-р.Никола Ѓоршоски – координатор на поректот.

Денешнава дебата значеше дополнително запознавање на охридската јавност со едно од најекспонираните локални прашања. Пренесувањето на најважните поенти од дебатата беше со цел да се продлабочи и зацврсти релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што пак би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, предуслов за добро владеење и демократски развој.

„Многу пати бевме погрешно разбрани, бевме сфтени дека ние ќе ја градиме катната гаража. Не, ние отвараме само јавна дискусија за потранспарентно и поотчетно работење на надлежните институции“ објасни Елена Ристеска – мобилизатор на заедницата.

Целта на оваа шестмесечната иницијатива поддржана од швајцарската амбасада и Меѓународната фондација на изборни системи е да ги анимираат и мобилизираат заедниците во нивно поактивно вклучување во вакви јавни дебати, трибини и експертски расправи.