Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош
Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош.
Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош за поплавните подрачја во Србија и БиХ. Хуманоста на дело ја покажаа учниците, вработените и родителите од ОУ Христо Узунов. Учениците не го кријат задоволствот што можат д апомогнат и да бидат хумани и со својот мал допринос да ги ублажат маките на настраданите.
„ Ние донесовме нерасиплива храна, конзервирана, средства за лична хигиена и вода.“
Учениците се свесни дека настраданите луѓе ќе имаат потреба од помош уште долг период, а тие се подготвени и понатака да се органзираат и да помогнат.
„ Одзивот за помош не треба да трае само неколу дена зошто на нашите соседи од БиХ и Србија ќе им треба помош и понатака.“
Директорот на ОУ „ Христо Узунов“, Тони Симоноски напоменува дека во корелација со општинскиот Црвен крст одлучиле да донираат храна, средства за лична хигиен а и вода, материјална помош која во моментов е најнеопходна за настраданите луѓе.
Овој пат навистина потребни на нашите пријатели од Бих и Србија, можеби со еден скромен начин на нашите ученици, вработени и родители, ќе придонесеме некому да се најдат во првичниот момент.Секако дека стоиме на рсаполагање како институција да помогнеме ипонатка на нашиет пријатели.“
Од срце за пријателите и соработниците од српските Ротари клубови за помош се активираа и младите ротаријанци од Охрид. Од денес па се до четврток на градскиот плоштад од 12 до 18 часот ќе прибираат материјална и парична помош. Драган Задравески од Ротаракт апелира до сограѓаните кој колку може да се приклучи во хуманата акција со свои донации.
„ Добивме директно барање од нив за помош. Се одлучивме како и во апелите во нивните земји да собираме храна, вода. За разлика од Ротаријанците во Македонија, тие ќе одат со парични средства, ние исто така ќе собираме парична помош, но и класично прибирање на материјална помош.“
Во хуманитарната акција се приклучи и охридската компанија Мода калцини. За настраданите подрачја во Србија и Бих од нивниот производствен асортиман испратија 7 000 пара чорапи и детски хулахопки.
{loadposition content9}