Охриѓани незаинтересирани за посета на Златната соба
Охриѓани незаинтересирани за посета на Златната соба.
Слаб интерес за посета на уникатната Златна соба во Музејот на Робевци. Два месеци по нејзиното отварање ј авидел мал број луѓе велат незадоволно од Завод и мзуеј. Од таму негодуваат, дека и покрај сите пристисоци на медиумите псокоро да се отвори Златаната соба, охриѓани непокажале интерес помасовно да ја посетат. Во овој период Музејот на Робевци каде што е сместено Златото на Лихнитида го видел едвај 200 луѓе. Златаната соба вопоголем број ја виделе стружани од колку охриѓани. Отпечатен е луксузен каталог, па дури е воведено и ново работно време за посета се со цел да се овозможи што поголем број луѓе да дојдат и да ги видат изложените експонати, вели директорката на Завод и музеј , Тања Паскали Бунташеска.
„ Се надевам дека не се во прашање влезниците. Цената е симболична за странци е 100, за возрасни 50 денари и 30 денари за ученици и студенти 30 денари. Сметам да се види такво нешто е симболична цена и не би требало да претставува проблем да се плати 50 или 30 денари за да се посети Златната соба“ , вели Паскали Бунташеска.
Интерес за посета на Златната соба засега не покажале нити учениците од основните и средните охридкси училишта, а во овој период е мал бројот и на странските посетители, подвлекува Паскали Бунташеска.
„ Во овој период и нема голем број странски туристи. Со Фибула потпишавме договор и холандските туристи кои доаѓаат ги посетуваат сите објекти со кои стопанисува Завод и Музеј“, додава директорката на установата.
Тања Паскали Бунташеска подвлекува дека најпосетени нивни објекти и понатака се Музејот на Вода и Самоилова тврдина. Таа реагира дека туристичките водичи заобиколуваат некои нивни објекти како што е Галеријата на икони, Мзуејот на Робевци, а сега и Златната соба. ТВМ стапи во контакт со некои туристички водичи да го слушне нивнито коментар зошто е тоа така. Не сакаа јавно да говорат за ваквата констатција само се пожалија дека тие одработуваат она што ќе им го наложат од туристичкиет агенции. Досега немале никаква соработка со Завод и Музеј и Тлер. Додаваат дека со исклучок на Галеријата, во останатите објекти нема кустоси кои стручно и на ниво ќе ја презентираат содржината. Се жалат дека и во градската туристичка заедница нема креативни и стручни луѓе кои ќе ги промовираат културните вредности.
Стапивме во контакт и со раководителот на Тлер, Ѓоко Апостолов да ги слушнеме нивните планови како ќе ја промовираат Златната соба. Апостолов кратко појасни дека во овој момент немаат план за печатење на нов промотивен материјал затоа што веќе испечатиле во доволни количини. Појаснуваат дека засега може само да го приклучат промотивниот материјал од Завод и Музеј кон нивниот.
{loadposition content9}