Охриѓани повеќе оствaруваат право на старосни, а помалку инвалидски и семејни пензии
Охриѓани повеќе оствaруваат право на старосни, а помалку инвалидски и семејни пензии.
Во 2015 година филијалата за пензиско и инвлaдиско осигурување во Охрид издале 1224 решенија за пензионирање. Во нив се вклучени и пензиските решенија за жителите од Дебар, информира Самет Рзивани раководител на филијалата на ПИО во Охрид. Во оваа бројка спаѓаат првите и повторните барања за остварување на право на пензија. Минатата година како први барања се издадени 573 старосни решенија , 55 инвалидски и 149 семејни пензии. За оваа година ракводителот Ризвани вели дека нема големи отстапувања на издадени решенија годинава во споредба со истиот период лани.
„ За разлика од 2015 во 2016 година заклучно со месец мај се донесени повеќе 30 решенија. Бројот на издадените решенија е идентичен секоја година па бројот е скоро ист. Ние, приближно носиме по 100 решенија месечно по различини основи за старосните, семејните и инвалидските пензии“, подвлекува Ризвани.
Во однос на прашањето дали има голем расчекор помеѓу старосните пензии од една страна и семејните и инвалидските пензии од друга, Ризвани е дециден повеќе граѓани на Охрид и Дебар оставруваат старосни пензии. ОД охридската филијала на ПИО се трудат што побрзо да ги изготват решенијата за пензија, напоменува Ризвани. Законскиот рок е 60 дена од датумот на поднесување, но овој рок скоро никогаш не се надминува, а во многу зависи од претходното регулирање на податоците за стажот на поединците, тврди Ризвани.
„ Најдоцна две недели за тие што имаат чист стаж, а изготвувањето на решенеито оди и до 30 дена. Кај инвалидските пензиии е даден рок од 45 дена од денот на поднесеното барaње до денот на донeсување. Ние се трудиме максимално да одговориме . Но, не e една филијала туку 30 во Македонија, а во Пиом работи една Лекарска комисија со тројца доктори“, кажува Ризавани.
За оставрување на правото на сите видови пензии е потребно лично доставување на податоците. За оствaрување на правото на старосна пензија е потребен минимален стаж од 15 години, и старосната граница за мажи е 64 и за жени 62 години.