Skip to main content

Охриѓани реагираат надлежните споро ги носат деталните урбанистички планови

Охриѓани реагираат  надлежните споро ги носат деталните урбанистички планови.

 |  Валентина Неловска  | 

Споро се носат деталните урабанистички планови, реагираат засегнатите граѓани. Посебно со овој проблем се соочуваат граѓаните  кои поседуваат  неизградено градежно земјиште во централното градско подрачје во блокот Ривиера. Тие се жалат дека се  оштетени од општината. Кажуваат дека 8 години по враќањето на нивните имоти со денационализацијата од 2008 година плаќаат  данок на имот и по 1500 евра годишно, а  урбанистичкиот план никако да се донесе. Во тој случај тие бараат да бидат ослободени од плаќање на данокот се додека не се изготви урбанистичкиот план за  урбан блок 2 познат кај граѓаните како Ривиера.   Револтирани се како им се дозволува на Јавните претпријатија и државни институции , како што се Министерството за културата и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор , со посебни и иземени одлуки да градат во таа урбана заедница,  театар и катна гаража, а тие мора да чекаат со години на изготвување на урбанистички план. Со тоа сопственците на земјиште се ставаат  во подредена улога.
 Бранко Арнаудов , раководител на секторот за урбанизам за урбан блок 2 опфат 1 даде  образложение зошто се доцни со  урбанистичкото планирање во овој опфат. Кажа дека станува збор за опфат со површина од 12 хектари. Во него влегува просторот со границите кои ги опфаќа Кеј Македонија, улицата Јане Сандански до пресекот со улица Партизанска, по улицата Партизанска со пресекот на Македонски просветители и Македонски просветители до Плоштад. Бранко Арнаудов даде оправдание за доцнењето со  урбанситичкиот план  кој поминал  нацрт фаза и 2 јавни анкети во промените кои настанале во меѓувреме. Ги наведе воспоставување на нов катастар, авинското снимање, Законот за старото градско јадро со кој се опфатени 87 хектари од таа површина. Сето тоа ја одолговлекло постапката, но најави дека се отпочнати некои нови постапки.

„Блок Ривиера и Табана  се отпочнати. Блок Ривиер а спаѓа во урбана блок 19 кој зафаќа површина од 12 хектари. Ние треба да отпочнеме постапка за урбанизација на целиот блок бидејќи претходниот блок Ривиера кој го работевме стигна во фаза на нацрт и е еден дел од тие 12 хектари. Во моментов имаме приватен инвеститор за цел тој блок од 12 хекатри и согласно измените на Законот  за старо градско јадро отпочнавме постапка за целиот тој блок од 12 хекатри кај што влегува опфат Риевиера“, кажа Арнаудов.

Со одолговлекување на донесување на урабанистички планови се засегнати и поголем број  граѓани не само од оние од УЗ 2 блок 2/7 туку и од други урбани заедници, како што е на пример ДУП 6 , 6/1 опфат 2 во населбата Даме Груев.