Skip to main content

Охриѓани се простија од големиот спортски работник и професор Влатко Димитров

Охриѓани се простија од големиот спортски работник и професор Влатко Димитров.

 |  Валентина Неловска  | 
komemoracija

 

На комеморацијата одржана во општиското средно стручно училиште Св Кирил и Методиј со  едноминутно молчење му одадоа последна почит од школото  каде што тој работеше и го даваше својот придонес за развојот на спортот во Охрид.

kome Во присуство на смејството на почитуваниот професор Влатко Димитров пригодно обраќање имаше директорката Славица Костоска. Таа потесети на неговите човечки и професионални  квалитети.  „Беше тивок, но енергичен човек. Неуморен, амбициозен, храбар и непоколеблив, полн со ентузијазам. Секогаш доследен на своето мото: „Во здраво тело, здрав дух“. Беше човек од кој секој може да учи. Беше професионалец со беспрекорна дисциплина и исполнителност. Од него можевме да научиме дека ако на работата ѝ се пријде со љубов, таа може да биде повеќе задоволство отколку товар. Загубивме  човек и  колега, џентлмен од стар ков, кој многу ќе ни недостасува, кажа Костоска.  

 

vlatce„Да го испратиме во вечното почивалиште нашиот Влатче. Почитувано семејство, почитувани колеги, членови на неговото семејство, ученици секогаш дисциплинирани и негови следбеници, претставници од локалната  власт горди на неговите успеси,колеги и спортски работници поддржувачи и оддавачи на признание на делото на професор Влатко Димитров“, истакна во своето обраќање Славица Костоска.
   
Костоска потсети и на неговиот несебичен  и професионален придонес како тренер за развој  на атлетиката и големите успеси постигнати во атлетскиот клуб Охрид. Наведе дел од  бројните  успеси на преку 1500  државни натпревари, соборени  120  македонски  рекорди во сите категории, учество на преку  300  меѓународни  натпревари од кои на 40 балкански  натпревари, 20 европски  и  5  светски  првенства, учество  на  повеќе  олимписки  фестивали, учесник на  Олимписки  игри  во  Пекинг  2008,  на  Европските  Олимписки  Игри  во  Баку  минатата  година,  а во 2015 година беше избран за  најуспешен  тренер.  
Професор Влатко Димитров до вечното почивалиште беше испратен во14 часот на градските гробишта во  Охрид.