Skip to main content

Охриѓани се запознаа со проектот „Ти Си Твојот Град“

Охриѓани и вљубениците во Охрид денес имаа можност да се запознаат со проектот „Ти Си Твојот Град“. Проектот го реализира Регионалната Телевизија ТВМ-Охрид.

 |   | 

Денеска на кеј Македонија граѓаните преку флаери и подароци се запознаваа со целта и начинот на кој ќе можат активно да се вклучат во проектот „Ти Си Твојот Град“. 

„ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“ на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани им овозможува да креираат содржини и да иницираат теми кои сметаат дека се важни за заедницата во која живеат. Но, секако дека во проектот можат да се вклучат сите вљубеници во Охрид како и гостите.

Случајните минувачи на кејот покажаа голем интерес за тоа како ќе се спроведува проектот, а посебно заиннтересирани беа гостите од други градови кои посочуваа дека потребен е активизам за зачувување на убавините на Охридскиот регион што во моментов е доста актуелна тема.

Токму на концептот за граѓански активизам се базира „ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“. Во фокусот на ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД е активен граѓанин кој ги регистрира појавите околу себе и со помош на ТВМ ги прави повидливи, се обидува да добие одговори, да побара решенија, да ја подигне јавната свест во разни сфери од општественото живеење.

Граѓаните можат да се вклучат така што треба да го сликаат или снимат со своите мобилни телефони сето она на кое што наидуваат во секојдневниот живот во градот, а кое или им пречи или сметаат дека е добар пример. Материјалите треба да ги доставуваат до ТелевизијА ТВМ преку неколку канали согласно своите преференци: преку веб страната tvm.mk, на e-mail адресата tisitvojotgrad@tvm.mk, во порака на налозите на ТВМ на социјалните мрежи.

Сликите или снимките кои ќе бидат објавувани на налозите на ТВМ на социјалните мрежи и на порталот tvm.mk ќе бидат новинарски обработени од информативната редакција на ТВМ, граѓаните ќе ги шеруваат со #ТиСиТвојотГрад и ќе добиваат подароци и ваучери.

Целта е да се мапираат и да се направат повидливи и добрите и лошите страни на градот.

„ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“ го спроведува Регионална Телевизија ТВМ – Охрид и порталот tvm.mk.

Реализацијата на „ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“ е помогната од од програмата „Media for All“ спроведена од Британски совет во партнерство со Фондацијата „Томсон“,БИРН (Балканската истражувачка мрежа) и ИНТРАК.