Охриѓани сеуште комуницираат преку писма и пратки
Впечатокот на граѓаните е дека се помалку се праќаат писма и пратки. Но од охридската подружница на Македонски пошти тврдат дека не бележат намалување на примање и доставување пратки. Директорот на охридската пошта убедува дека имаат полни раце работа посебно со малите пратки, односно дека нивниот број бележи зголемување, додека бројот на писмата е константен.
Охриѓани верни на старите вредности, сеуште праќаат писма и пакети. Додека на ниво на Македонија впечатокот е дека граѓаните се помалку праќаат писма и пратки, во Охрид неколку години наназад бројот на пратени и пристигнати писма и пратки во македонски пошти подружница Охрид е константен, обелоденува директорот Сејфула Хани.
„Порано имало и повеќе но се га имаме константен број и не делуваат толку значајно електронските пратки, задоволни сме од некоја страна со обичните пратки кај нас“ – вели Хани.
Охридската пошта во последно време бележи зголемување на пакетираните пратки, како резултат на тоа што граѓаните купуваат преку интернет, вели Хани. На нашето прашање дали постои конкуренција од некои компании кои се појавија на пазарот за доставување пакети и останати пратки, директорот со став.
„Не сакам многу да навлегувам во таа насока како тие работат, дали се легални или не, ние имаме терк на работа и тоа многу организиран и сигурен. Имаме контроли и секакви заштити за работата што ја вршиме што не верувам дека во другите е така“.
Македонски пошти гарантираат сигурност, и безбеден транспорт на пакетите и пратките, што всушност тоа им претставува основно мото во работата. Хани вели дека имаат трекинг систем каде што се внесуваат сите пратки, посебно авионските и во секое време имале податоци до каде е пратката.