Охриѓани склучуваат полиси за осигурување само кога мораат
Охриѓани склучуваат полиси за осигурување само кога мораат.
Склучување полиси за задолжителното патничко осигурување и понатaка е на врвот на интерес кај охриѓани. Тоа осигурување мора да се направи при регистрација на возилата, напоменува директорката на Сава Осигруување, Ристана Николовска.Таа укажаува за движењето на трендовите во осигурителните компании.
„ Не смееме да го занемариме трендот и на другите видиви осигурување кои се покачени, како што е одговорноста од дејност, кои исто така се задолжителни. Патничкото осигурување во летните месеци заради патувањата на одмор и осигурувањето на пловните објекти кои исто така се законска обврска“, наведува Николовска.
Засега охридските земјоделци пак, сеуште малку се интересираат за осигурување на посевите и овоштарниците од елементарни непогоди, подвелкува Николовска. Полисaта за ова осигурување во Сава Осигурување ја прават од неодамна.
„ Заради субвенционирањето на земјодлеството и субвенционирањето на полисaта, 60 посто ја покриваме ние, а 40 посто ја плаќаат клиeнтите. Тие имаат можност да направат осигурување во нашата компанија. Оваа година за прв пат започнавме со ова осигурување, но во Охрид не можам да се пофалам за голем број на полиси, но немаме ни некое големо земјоделие, “ потенцира Николовска.
Николовска е задоволна од продажбата на имотните осигурувања, а сега во нивната компанија најактуелно кај нив е полисата за покривање на шоферот во случај на штета по негова вина. Цената за ова осигурување е 580 денари , а покрива материјaлnа штета во висина дo 25.000 евра. Единствено може да се склучи ваква полиса само во Сава осигурување. Оваа компанија со новата експозитура која е отворена во близина на Мини маркет ќе биде поблиску до охриѓани. Покрај оваа експозитура има уште две во центарот на Охрид и Лескоец.