Skip to main content

Охриѓани со различни ставови колку градот има чиста животна средина

Охриѓани со различни ставови колку градот има чиста животна средина.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани подeлени во своите перцепции колку Охрид и околината се еколошки чисти. ТВМ ги анкетираше граѓаните на тема дали се задоволни од колку е чист градот и колку се внимава на животната средина. Некои не се задоволни , а други сметаaт дека Охрид има најчиста животна средина.

-„ Граѓаните не обрнуваат многу внимание. Фрлаат ѓубре каде што не му е местото јавно пред очите на другите, а да не зборуваме за одлагањето отпад на места каде што не ги гледаме“.
-„Тече вода по улиците,насекаде има расфрлани депонии ама кој ги гледа. Од Чинарот до Горна Порта туристите немаат корпа за отпадоци да го одложат ѓубрето , па го расфрлаат лево – десно“.
„ Треба да се направи студија каде да е депонијата, каде да се местата за одвојување на отпадот на пример стакло, хартија и други отпадни материјали. Охрид е најчист град и ние охриѓани сме задоволни “.
Денес на тема активирање на граѓаните за грижа на животната средина започна пилот проект со кој ќе се подига јавната свест за практично користење на водните ресурси и за односот кон животната средина.

Охриѓани имаа можност со пополнување на анкетни листови да го искажат својот став кон животната средина и користењето на водните ресурси. Општина Охрид спроведуваше пилот програма „Активирање на граѓаните за грижа на животната средина“. Анкетниот прашалник содржи 16 прашања.Прашањата се однесуваа на тоа каква е состојбата на животната средина во Охрид, колку е важна животната средина, Колку диви депонии сте забележале во регионот на Охрид, или што е причина за појавување на дивите депонии. Прашања имаше и за водните ресурси како на пример дали има потреба од штедење на вода и како го карактеризирате квалитетот на водата во Охридското езеро.
Проектот е финасиран од Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа како подпроект во рамките на проектот Кресида.