Охриѓани ја негуваат традицијата и за Василица подготвуваат топејнца. Топејнцата се подготвува од варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијатат , на растојание од 1 цм и се пече полека, а потоа се крши и се дроби како за попара. Се продолжува од кога ќе се искрши на парчиња да се пржи на тивок оган и треба да се истопи како алва.
Охридските традиционалнис емејства го подготвуваат овој специјалитет. Подготовката на топејнцата се пренесува од колено на колено и потсетува на доѓањето на нов период од животот кога се надеваме дека новата година ќе биде подобра од претходната.