Skip to main content

Охриѓани и туристите за новогодишните празници ќе се лизгаат на монтажно лизгалиште на плоштад

Од Секторот за ТЛЕР, велат дека ова е една атракција која треба да им даде причина повеќе на гостите, но и домашните да го посетат плоштадот. Лизгалиштето ќе функционира се додека дозволуваат временските услови, а ќе има комерцијална природа.

 |  Мишел Наумоски  | 
lizgalka
лизгалка

Освен стандардната новогодишна понуда, годинава охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат и во нова атракција, монтажно лизгалиште пред споменикот на „Свети Климент“. Од денес започна монтирањето на ова лизгалиште, кое според зборовите на раководителот на Секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов, ќе биде пуштено во употреба во наредните неколку дена.

plostad nova godina„Активно се работи, вклучени се сите јавни претпријатија и покрај самото украсување на градот, сметаме дека ова ќе биде една вистинска атракција за охриѓани и за гостите кои што ќе дојдат во Охрид, затоа што за прв пат вакво лизгалиште во Охрид ќе биде поставено со цел да се анимираат охриѓани, да го посетат градскиот плоштад, да има што поголемо движење и се разбира една забава како за најмладите, така и за повозрасните. Лизгалиштето ќе биде со димензии од 22 метри на 17 метри, околу 350 метри квадратни со комплетна опрема, лизгалки.“-рече раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

Апостолов вели дека лизгалиштето ќе биде отворено  за сите љубители на овој вид на спорт, се додека дозволуваат временските услови. Монтажното лизгалиште, локалната го добила на користење за празничниот период.

lizgalishte na plostad„Ова лизгалиште е во соработка со фирма од Австрија кое што го дава бесплатно на користење на општината, ние како општина мора да кажам дека во овој случај скоро и да немаме никакви трошоци односно благодарение на нашите контакти и соработки кои што ги остваруваме, ете успеавме да донесеме еден ваков вид на забава во нашиот град и верувам дека тоа ќе биде една вистинска добра атракција за која што охриѓани и гостите ќе имаат можност да го поминат своето време. Ќе работи преку цел ден, а се надеваме односно во план ни е за време на зимскиот распуст на училиштата, да се организираат и бесплатни курсеви за лизгање односно посебни активности со кои што ќе бидат вклучени основните и средните училишта специјално наменети за нив.“-вели Апостолов.

За наредната година, тој рече дека ќе прават напори да ја купат опремата од австриската фирма, како би можело секоја наредна година да ја има оваа атракција на плоштадот. За таа цел веќе започнале со трајно поставување на инсталации потребни за функционирањето на лизгалиштето. Инаку комплетната програма која ја подготвува локалната за новогодишните празници ќе се одвива десетина дена, но повеќе детали околу тоа што ќе понуди Охрид за престојните празници, од локалната велат дека ќе обелоденат во текот на утрешниот ден.

{loadposition content9}