Skip to main content

Охриѓани внимателни на мразот

Оваа година минимален е бројот на лица кои се лизнале и паднале на мраз, во споредба со минатите години. Додека пак тоа не може да се констатира и за бројот на лица кои имаат грип или некоја друга вироза, чија бројка ја надминува нормалата, велат одговорните на охирдските здравствени установи.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охриѓани внимателни на мразот. За време на Божиќните празници кои се совпаднаа со студениот бран кој ја зафати нашата земја здравствените служби во Охрид примиле случаи со скршеници поради мразот, но значително помалку од минатите зими. Најчести пациенти, и понатаму се болните од грип, информираат од итната медицинска служба во Охрид. Раководителот Горан Силјаноски пренесува дека за време на празниците биле регистрирани 76 повици од кои 23 пациенти биле со грип и вирози.

„Во дежурната служба на Итната медицинска помош помош побарале околу 300 пациенти од кои повеќето од половина биле со симптоми на грип инфекција на респираторен тракт или други вирози. Само 5 лица побарале помош со повреди или фрактура на екстремитети“

За среќа и во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид, овие денови не е забележана поголема фрекфенција на пациенти од вообичаеното информираше првиот човек на установата д-р Митко Тилев. Тој пренесува дека од петокот па се до денес амбулантски биле прегледани 51 пациенти од кои 70% имале дисторзии односно нагмечувања и фрактури, додека пак само кај 3 повозрасни лица поради пад на мраз се наложило потреба за оперативен зафат. Д-р Тилев информираше дека сите останати зафати согласно нивната програма течат континуирано, со исклучок на неколку одлагања за некои оперативни зафати на пациенти од другите градови во Македонија кои не можеле да допатуваат до Охрид. И директорот на Св Еразмо и раководителот на итната медицинска помош сметаат дека препораките кои надлежните служби ги дале вродиле со резултат. Силјаноски истакна дека годинава имало и помал број јавувања од граѓани на 194 за состојби при кои што не е потребна итна медицинска помош од нивните екипи.