Охриѓани во изминатава деценија не поднесле нити една граѓанска иницијатива во градскиот совет
Охриѓани во изминатава деценија не поднесле нити една граѓанска иницијатива во градскиот совет.
Прекумерна урбанизација,заштита на животната средина, лоша патна инфраструктура, канализациона мрежа, кучиња скитиници, се само дел од бројните урбани проблеми кои ги мачат охриѓани. Охриѓани имаат законска можност да делуваат со грaѓанска иницијатива за да се подобрат или решат проблемите. Низ формата граѓанска иницијатива, граѓаните имаат право да му предложат на советот да донесе акт или да реши одредено прашање од негова надлежност. Иницијативата треба да биде поддржана од 10% од избирачите во општината или урбаната заедница. Во рок од 90 дена од поднесувањето градскиот совете должен да ја стави иницијативата на дневен ред и да расправа по неа.
ТВМ истражуваше колку граѓаните ја искористиле оваа можност за да си го подобрат своето урбано живеење или да се надминат проблемите. Контактиравме тројца претседатели на Совет на општина Охрид со што го опфативме периодот во изминативе 10 години.
Актуелната претседателка на Советот, Гордана Коњаноска, информира дека во изминативе 2 години од кога таа е претседател на ова тело, не е доставена граѓанска иницијатива од поголем број или одреден процент на гласачи. Коњаноска појаснува дека во Советот пристигале предлози и иницијативи на граѓани од помал обем за изработка на детални урбанистички планови. До Советот пристигнале 38 иницијативи од кои советниците прифатиле 28, а 10 отфрлиле.
„ За жал друг вид на иницијативи не стигнале во изминатиов период, а покрај останатите причини тоа се должи и на недоволна информираност за постоење на ваков механизам на иницирање на одредени случувања во средината во која живеат“, вели Коњаноска.
Душко Јаковчески , поранешен претседател на Совет од 2009 до 2013 година , исто така напоменува дека граѓанска иницијатива како облик на непосредно учествување на граѓаните до Советот не пристигнала. Имало различни иницијативи, но не во форма како што налага законот. Јаковчески смета дека граѓаните не ги знаат доволно своите права, но посочува и во случувањата во општествено политичкиот систем.
„Постои тендеција секогаш извршната власт да ја поклопи законодавната власт иако треба да е обратно, пандан на извршната власт во општеството е градоначалникот, на законодавната власт, на собранието е советот на општината, постојат тие тенденции.Самите граѓани сметаат дека многу побрзо некои работи ќе решат преку други канали, а не преку советот т.е. преку извршната власт т.е. градоначалникот и нивните служби“, напоменува Јаковчески.
Владо Чингоски, поранешен претседател на совет, исто како и пертходните соговорници вели дека од осомастојување на РМ до денес граѓанска иницијатива кај нас воопшто не постои. Активностите на граѓаните се сведени на одредени активности на поединци. Иницијативите се сведуваат на 2-3 кои во име на поголема група луѓе сакаат да се заврши некоја работа, подвлекува Чингоски.
„ Чисто за класична граѓанска иницијатива може тешко да се зборува. Како што нашето општество е партизирано, се оди место преку Урбани заедници , оди преку месниот комитет на оваа или онаа партија. Тие преку партијата се делигираат преку членовите на совет да се образложи некој проблем и да се решава“, вели Чингоски.
Граѓанската иницијитива треба да произлезе како коректив или поправање на одредени ситуации кои партиите не можат да ги детектираат нити реализираат, па таа се јавува во различни области, појаснува Чингоски.
Сето ова создава слика на пасивни граѓани, мртов граѓански активизам и неискористени можности за донесување на иницијативи од локално значење.
{loadposition content9}